Кандидатите за претседател на државата го потпишаа кодексот за фер и демократски избори

Сподели

Тројцата кандидати за нов претседател на државата Гордана Силјановска Давкова, Стево Пендаровски и БлеримРека, официјално се обврзаа дека ќе ги почитуваат сите принципи за фер и демократски избори.

Кандидатите денска Кодексот го потпишаа пред членовите на Државната изборна комисија.

Овие избори за Река се предвесник за нова страница во изборната историја на земјава. Мирно и сталожено, додаде дека оваа трка е далеку од трка за живот или смрт.

Единствената дама во претседателската трка, изборите ги изедначи со правото и правдата што е мотив плус строго да се придржува до нив.

Пендаровски, пак, се осврна на самата пракса на потпишување на Кодексот за која во име на сите кандидати вети дека ќе биде далеку од само потпис на хартија.