Канцелариите на Народниот правобранител отворени за граѓаните

Сподели

Канцелариите на Народниот правобранител денеска ќе бидат отворени за граѓаните, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Од 7 до 19 часот ќе бидат отворени сите седум канцеларии во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип.

Освен лично во канцелариите, граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на телефонските броеви:

Канцеларија во Скопје: 02 3129-327 и 3129-367,

Битола: 047 242-310,

Кичево: 045 228-586,

Куманово: 031 431-488,

Струмица: 034 329-996,

Тетово: 044 344-082

и

Штип: 032 389-701.

Народниот правобранител уште еднаш ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество.

Во таа насока, Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори, во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права.