Касами – Пломп: Да се продолжи мандатот на СЈО и да се формира специјален суд

Сподели

Основачот и претседателот на Беса, Билал Касами, денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, со кој разговараше за условите за евентуално учество на Беса во конституирањето на новата влада.

– Бараме да се продолжи мандатот на Специјалното јавно обвинителство, да се најде можност за основање на специјален суд и да се врати Македонија на патот на евроатлантските интеграции за да можеме повторно нормално да функционираме како држава. Во овој правец разговаравме со амбасадорот на Холандија, Ваутер Пломп. Ги истакнавме нашите позиции и нашето размислување – рече Касами.

Касами додаде дека Беса нема да им сугерира на гласачите од Теарце за кого да гласаат в недела и дека битката ќе се води помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.