Кастро очекува нормализирање на односите со САД, но не на штета на Куба

Сподели

Кубанскиот претседател Раул Кастро изјави дека Куба се надева дека ќе се нормализираат односите со САД, но истакна дека администрацијата на новиот американски претседател, Доналд Трамп, не би требало да очекува отстапки што ќе му наштетат на суверенитетот на Куба.

Пред да ја преземе должноста, претседателот Трамп се закануваше дека ќе го минира и онака кревкиот процес на затоплување на односите меѓу поранешните непријатели од Студената војна, доколку не се постигне „подобар договор“, но притоа не даде детали. Неговите помошници рекоа дека се разгледува досегашната политика.

– Куба и САД можат да соработуваат и да живеат една покрај друга на цивилизиран начин, да ги почитуваат меѓусебните разлики и да извлечат полза за двете земји и за нејзините жители – рече Кастро во првиот коментар откако Трамп ја презеде претседателската функција.