Министерството за труд и социјална политика, зедно со центрите за социјална работа и општинските организации на Црвениот крст ќе ги идефнтификуваат сите бездомни и лица во ризик, и времено ќе ги сместува во двата прифатни центри во Момин Потик и Чичино село. Оние семејства кои имаат деца помали од три години ќе се сместуваат во „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“.
Доколку се јави потреба за сместување на лица надвор од Скопје, во соработка со МОН ќе бидат отворени училишните интернати низ градовите во Македонија, а ако некој има потреба за згрижување или пак некој граѓанин забележи лице на кое тоа му е потребно може да се пријави на бројот 195.
Ова се дел од мерките за чие спроведување се договориле на денешната средба претставници на Министерството за труд и социјална заштита, Црвениот крст и Центрите за социјална работа.
Оформени се четири тимови кои ќе работат 24 часа.