Кери: Коментарите на Трамп за ЕУ се несоодветни

Сподели

За време на вчерашното интервју „еден на еден“ со Кристијан Аманпур од „Си-ен-ен“ во Лондон, Кери ги критикуваше забелешките на Трамп за Германија

 

 

Американскиот државен секретар, Џон Кери, ги опиша како несоодветни коментарите за европските односи на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).

За време на вчерашното интервју „еден на еден“ со Кристијан Аманпур од „Си-ен-ен“ во Лондон, Кери ги критикуваше забелешките на Трамп за Германија.

„Сосема е несоодветно како избран претседател на САД, да се меша во политиката на другите земји на толку директен начин“, рече Кери.

Тој исто така ја бранеше и германската канцеларка Ангела Меркел, нарекувајќи ја „една од најсилините лидери во Европа“, и додаде дека таа била особено храбра со својата бегалска политика.

Во интервју за време на викендот, објавено во германските и во британските весници, Трамп ја опиша Европската Унија како „транспортно средство за Германија“ и предвиде дека повеќе земји-членки ќе го напуштат блокот.

Тој исто така ја критикуваше и одлуката на Меркел во 2015 година да прими илјадници бегалци, и тоа го нарече голема грешка.

Во однос на Брегзит, Трамп рече дека неговата администрација ќе направи специјален трговски договор со Велика Британија, што ќе направи напуштањето на ЕУ да биде одлична работа.

Кери беше запрашан зошто претседателот во заминување, Барак Обама, го рекол спротивното минатата година. Обама изјави дека нема да има специјални трговски договори, додавајќи дека Велика Британија би била последна во редот.

„Мислам дека тешко е тоа што никој сѐ уште не знае кои ќе бидат правилата на патот меѓу Велика Британија и ЕУ“, одговори Кери и продолжи: „Ние сакаме Велика Британија да биде силна, но ќе ви кажам, ние постојано велевме дека сакаме ЕУ да биде силна“.

„Во времето кога Обама го рече тоа, ние гледавме во TPP (Транс-пацичкото партнерство) и во ТПТИ (Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции), тие беа многу значајни трговски договори“.

„Сега, очигледно, тој свет се смени, и ние треба да го сфатиме тоа“, додаде тој.