Одлуката на британските гласачи Велика Британија да ја напушти Европската Унија, може и никогаш да не се оствари, оцени американскиот државен секретар Џон Кери.
Американскиот државен секретар, по средбата со британскиот премиер Дејвид Камерон, рече дека Британија не брза да го почне процесот на излегување, иако за тоа се изјаснија 52 отсто од Британците.
– Ова е еден многу „комплициран развод“. Британскиот премиер се чувствува немоќен во однос на почнувањето преговори, што е и разбирливо, за нешто во кое не верува и нема поим како да го изведе. А, и мнозинството од оние кои гласаа за излегувањето, исто така не знаат како тоа би одело – рече синоќа Кери.