Керим падна на осмо место по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Сподели

kerim-glasanje-860x646

Македонскиот кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, падна на осмото место по денешниот петти круг на гласање во Советот за безбедност на ОН.

Керим на ова гласање од амбасадорите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН добил шест позитивни поени и девет негативни поени.

На првото место сè уште е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор овојпат е кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ, а на трето место е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек.

Керим падна за четири позиции од последното гласање на 9 септември, кога беше на четвртото место.

meta.mk