Кина ја претстави новата генерација невидливи воени авиони J-20

Сподели

thumbs_b_c_81881f83fb8cf59998758fc8eb47cf41

ПЕКИНГ (АА) – Кина ја претстави пред јавноста новата серија на воениот авион Ј-20, кој спаѓа во класата на најсофистицирани воени авиони на денешницата, невидливи за радарите, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кинескиот провладин весник „Глобал тајмс“ објави дека петтата серија на кинескиот воен авион Ј-20 е претставена на Меѓународниот саем за воздухопловство во јужната кинеска провинција Гуандун.

Егзибицискиот лет на кинескиот авион привлече големо внимание во јавноста во Кина и пошироко.

Станува збор за воен авион со носачи на ракетни проектили со голем и краток дострел, кој е ставен во категоријата авиони невидливи за радарите, во која се наоѓа и кинескиот Ј-31, но и американските авиони F-22 и F-35, и рускиот Т-50.

На саемот во Гуандун учествуваа претставници од авиоиндустриите на 42 земји, меѓу кои Русија, САД и Франција.

По САД, Кина е земја што издвојува најголем дел од буџетските средства за секторот одбрана. Кина постојано работи на унапредување на своите воздушни, поморски и копнени сили.