Кина денеска усвои нов закон за кибер безбедност, со кој се зајакнува државната контрола врз интернетот.
Согласно законот, кој е усвоен од Парламентот и ќе стапи во сила во јуни следната година, луѓе и организации не можат да претставуваат закана за националната безбедност, да ја повредат честа и да им наштетат на интересите на Кина.
Се забрануваат сите обиди на интернет за „уривање на социјалистичкиот систем, за поделба на нацијата, за поткопување на националното единство и за воздигнување на тероризмот и екстремизмот“.
Законот ги обврзува сите технолошки компании да воведат цензура, да соработуваат во истраги и да се наложат стандарди за технологии во областа на безбедноста. Со него стриктно се регулира каде може да бидат складирани податоците на кинеските граѓани.