Кина: Поради свлечиште евакуирани 7.000 лица, урнати се 172 куќи

Сподели

Најмалку 7.000 лица се евакуирани по отворањето на свлечиште на подрачјето на кинеската покраина Гуандонг, во јужниот дел на Кина, јавува Anadolu Agency (AA).

Вчера кинеската покраина Гуандонг беше погодена од силно невреме што предизвика свлечиште во коешто се урнаа 172 куќи. Свлечиштето се отвори на три подрачја во Гуангџоу, каде што на сила стапи и црвен аларм.

Локалните официјални лица не дадоа информации за тоа дали има загинати или повредени во несреќата.