КИНА: СРЕДБА НА ЕРДОГАН И ЃИНПИНГ

Сподели

Турскиот претседател Ердоган се наоѓа во Кина за да присуствува на Самитот Г-20. Во кинескиот град Хангџоу се наоѓа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој се состана со американскиот државен секретар Џон Кери

erdogan kina

ХАНГЏОУ (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган се состана со кинескиот претседател Сји Ѓинпинг, јавува Anadolu Agency (AA).

Ердоган отпатува во Кина за да присуствува на Самитот Г-20. Состанокот беше затворен за јавноста. Во кинескиот град Хангџоу се наоѓа и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој се состана со американскиот државен секретар Џон Кери.

Состанокот на Чавушоглу и Кери траеше околу еден час.

Безбедносните извори наведуваат дека на состанокот станало збор и за последните случувања во врска со борбата против терористичката организација ФЕТО, како и за испорачувањето на Фетула Ѓулен.

Исто така, тие разговарале и за ситуацијата во Сирија и Џараблус.