Кина: Тајфунот „Меранти“ досега однесе 28 човечки животи

Сподели

thumbs_b_c_c57614c226c3bf656c564e7c067d7f9e

ПЕКИНГ (АА) – Во најсилниот тајфун во годината во Кина, „Меранти“, бројот на загинати се искачи на 28, а 15 лица се исчезнати, јавува Anadolu Agency (AA).

Локалните власти соопштија дека во јужната кинеска провинција Фуџиен загинаа 18 лица и 11 други се исчезнати. Исто така беше соопштено дека во регионот биле оштетени околу 18.300 куќи поради што директната економска штета се проценува на околу 2 милијарди и 500 милиони долари.

Исто така се пренесува дека бројот на загинати во провинцијата Шандунг во источна Кина се искачи на 10, а по силниот ветер и дожд сè уште не се пронајдени четрите исчезнати лица.

Тајфунот поради кој во четвртокот во Тајван загина едно лице а над 50 беа повредени, во петокот стигна и во југоисточна Кина.

По тајфунот „Меранти”, се очекува и вториот тајфун „Малакас“ да пристигне во кинеските југоисточни провинции Фуѓен и Џеѓанг.

Поради тајфунот „Малакас” со брзина од 198 километри на час, вчера во главниот град на Тајван, Таипеи, се затворија училиштата и работните места, а беа откажани околу 183 авионски летови. Во Кина беше издаден аларм поради вториот бран на тајфунот.