Кина, со 594 милијардери по вторпат е на врвот на листата пред САД кои имаат 535 милијардери
ПЕКИНГ (АА) – Според податоците на списанието „Хурунрепорт“ со седиште во Шангај, специјализирано за економија и истражување, Кина којашто е втората по големина економија во светот, се наоѓа на врвот на листата според бројот на милијардери во една земја, со 594, пред САД кои имаат 535 милијардери, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата година, со пораст од 242 отсто, Кина се најде на првото место според бројот на милијардери во светот, со 596 бизнисмени, пред САД кои имаа 537 милијардери. За првпат некој ги тргна САД од тронот според бројот на милијардери.
Најбогат Кинез е кралот со недвижностите, Ванг Џианлин
Според извештајот, исто како и минатата 2015 година, на врвот на листата на најбогати Кинези се наоѓа сопственикот на компанијата „Далиан Ванда Груп“, познат како кралот на недвижностите, Ванг Џианлин, со богатство коешто во однос на минатогодишното е намалено за 2 отсто и изнесува 32 милијарди долари.
Ванг кој во 2014 година ја презеде оваа компанија од рацете на Џек Ма, основачот на титанот во електронската продажба Алибаба, третпат по ред се наоѓа на врвот на милијардери во Кина.
На второ место на листата се наоѓа Џек Ма, кој има зголемување на капиталот за 41 отсто, и во моментов изнесува 30,5 милијарди долари.
Пони Ма Хуатенг, основачот на најголемата кинеска интернет-компанија „Тенцент Холдингс“, се наоѓа на третото место на милијардери со 24,5 милијарди долари, при што има пораст на капиталот од 38 отсто во однос на минатата година.