КИНО-КЛУБ НА ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ- “ЧОВЕКОТ ШТО МНОГУ ГО САКАА”

Сподели

francuski-institut-proekcija-504x336

Францускиот институт во Скопје,  на 23. септември, во петок во 20 часот, ја отвара новата сезона на францускиот кино-клуб со проекцијата на филмот „Човекот што многу го сакаа“ во Кинотеката на Македонија.

Трилерот е во режија на еден од најдобрите француски режисери Андре Тешине, а во главните улоги се Катрин Денев, Гијом Кане и Адел Енел.

Цената на билетот е 50 денари и може да се резервира и подигне во Кинотеката на Македонија.