Кинотека на Македонија: Филмски фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City

Сподели

 

Кинотека на Македонија, Skopje Cinema City-The Spring Edition, 20 и 21. април

Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City на 20 и 21. април го организира својот втор настан во 2018 година или Пролетното издание (The Spring Edition).

Пролетното издание е дел од четирите филмски настани што се планирани да се случат оваа година во различни периоди – нешто што го нарековме Четири годишни времиња. За секој настан ќе има посебно известување за содржините.

20.04.2018 (Петок) – 20.00 – Џеф Бакли: Сите тука те посакуваат – 60 min
(BBC: Jeff Buckley. Everbody Here Wants You)

21.30 – 1959: The Year that Changed Jazz – 60 min
(1959 Годината што го промени џезот)

21.04.2018 – 20.00 – Телма Докубенд: Суперхикс (реж. Јордан Дуков)- 40 min* (слободен влез)

21.30 -.Девојката од Ипанема: Бразил, боса нова и плажата
(The Girl from Ipanema: Brazil, BossaNova, and the Beach) – 60 min

Цена на билет: 100 денари освен филмот за Суперхикс кој е слободна проекција.

Картите ќе може да ги купите на билетарницата во Кинотека на Македонија

Резервациите можете да ги направите од 16-19 часот на тел: 02 306 5968