Учеството на 35 ликовни творци, денеска со своите дела во Кинотека на Македонија ќе ја отворат 35-тата јубилејна традиционална годишна изложба на ликовни педагози од Република Македонија.
Поставката е во организација на Здружението на ликовни педагози и ќе биде отворена за посетители до 6 април.
Изложбата ги рефлектира личните творечки преокупации на ликовните уметници кои воедно се и педагози, а ќе ја промовира Владимир Ангелов, виш филмолог во Кинотеката на Македонија.