КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА: “КРАДЦИ НА ГУЛАБИ”

Сподели

 

КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА, КРАДЦИ НА ГУЛАБИ, 10 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч.

Специјална проекција на најдобриот долгометражен филм според жирито на 9 Филозофски Филмски Фестивал

КРАДЦИ НА ГУЛАБИ

(The Pigeon Thieves / Güvercin Hırsızlar)

Игран филм, Турција

2018, 82 мин., колор, ХД

Режија: Осман Наил Доган (Osman Nail Doğan)

Сценарио:Осман Наил Доган, Самет Доган(Osman Nail Doğan, Samet Doğan)

Улоги: Сеит Низам Јилмаз, Мерт Бугра Татароглу, Кутај Сандикчи, Гокан Јикилкан, Бурчин Сезен (Seyit Nizam Yilmaz, Mеrt Buğra Tataroğlu, Kutay Sandikçi, Gökhan Yikilkan, Burçin Sezen)

Животот на 16-годишниот Махмут се состои од хранењето на гулабите и заработување од крадењето туѓи гулаби. Најголемиот сон му е да ги има најдобрите гулаби. Еден ден, еден од гулабите ќе избега и не се враќа повеќе. Кога Махмут наоѓа гулаб вгнезден на еден покрив, го запознава Исмаил, осумгодишно детенце кое живее во куќата. Оваа средба станува една од најважните пресвртници којашто ќе влијае на животите на двете деца.

КРАДЦИ НА ГУЛАБИ, прв игран филм на режисерот кој беше дел од Официјалната селекција на 24-тиот Сараевски филмски фестивал, е филм за растењето, за созревањето и за вивнувањето во животот. Топла приказна за пријателството и младешките страсти, погледната низ специфичната призма на културата на живеење во Анадолија. И како што Доган прашува, зборувајќи за филмот, дилемата е пред нас: „Што е добро, a што лошо? Дали можеш да бидеш добар со лошо однесување?“ Или, пак, како може еден човек да биде добар ако животот е беспоштеден и суров, луѓето се немилосрдни и себични, а светот е студен и туѓ?

По проекцијата следува Q&A со режисерот Осман Наил Доган

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез