Со проекција на филмот „Љубовни песни“ вечер во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена новата сезона на Францускиот киноклуб.
Како што информираат од Францускиот институт во Скопје, се работи за филм којшто во 2008 година ја доби наградата „Цезар“ за најдобра музика и има 20 други различни номинации.
Познатиот француски неделник за млади „Лезенрок“ го оцени овој филм како „забавна музичка драма и весел, длабок филм за љубовта и отсуството“.