Кинотека на Македонија прогласена за едно од најдобрите арт кина во Европа од блогот Spotted by locals
На блогот се објавени водичи за 71 град кои се создадени од вистински локалци кои живеат во градот за којшто пишуваат, го зборуваат локалниот јазик и пишуваат за нивните омилени места во градот. Основачите на блогот ги посетуваат сите градови и лично ги запознаваат локалците кои пишуваат за блогот и ги посетуваат локациите препорачани од нив.
Извадок од статијата наблогот посветен на Кинотеката чиј автор е Бојана Трајковска: Скопје има прекрасно арт-кино во кое се чувствувате како во Музеј на филмот. Кинотеката главно се фокусира на независниот филм и документарци. Речиси секој месец се одржуваат ретроспективи и филмски ревии посветени на филмови од одредена земја. Кинотеката е посветена на презентирање на суштинската филмска уметност.
Останатите Европски арт – кина можете да ги погледнете на следниов линк http://www.spottedbylocals.com/…/europes-best-art-house-ci…/