Кирацовски: Граѓаните не веруваат на партиските кадри во институциите

Сподели

kiracovski

Кабинетот на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација во реакција на денешната прес-конференција на министерката Марта Арсовска Томовска наведува дека фактот што досега ниту една пријава за политичко влијание и притисок  врз администрацијата не стигнала до министерката и Министерството, укажувал дека граѓаните воопшто не им веруваат на, „партиските кадри во институциите, поставени од ВМРО-ДПМНЕ“.

– Граѓаните многу добро знаат дека изворот на сите нерегуларности во изминатиот период не може истовремено да биде и фактор за нивно решавање, се вели во реакцијата.

Прес-конференцијата на министерката, според реакцијата, не била поради нејзините заложби за фер избори, туку, како што наведуваат, „поради стравот од масовните претставки и пријави до кабинетот на дополнителниот заменик министер Кирацовски, од страна на граѓаните и вработените во државната и јавната администрација, кои за многу скоро ќе бидат процесуирани до надлежните институции“