Клинтон го обвини ФБИ за поразот на изборите

Сподели

ЊУЈОРК (АА) – Кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон, која ги изгуби претседателските избори, за поразот го обвинува Федералното истражно биро (ФБИ), јавува Anadolu Agency (AA).

Според веста на Си-ен-ен, на средбата со донаторите на Демократската партија, за поразот на претседателските избори Клинтон го посочи за виновен директорот на ФБИ, Џејмс Коми.

На своите поддржувачи кои финансираа на изборната кампања, Клинтон им соопштила дека неколку дена пред изборите директорот на ФБИ, Коми, во Конгресот на САД испратил писмо во врска со истрагата за скандалот со е-поштата, како резултат на што изборите биле изгубени.

Исто така се вели дека со своите донатори Хилари Клинтон го споделила мислењето дека одново започнувањето на истрагата станала причина да ја изгуби предноста во однос на Доналд Трамп, против кого Клинтон имаше предност во дебатите за време на изборната кампања.

Разликата меѓу Клинтон, за којашто се мислеше дека сигурно ќе победи на претседателските избори, и кандидатот на Републиканската партија, Доналд Трамп, откако беше објавено видеото во кое Трамп користи навредливи зборови за жените и по повторното отворање на истрагата на ФБИ брзо се намали.

На 8 ноември Трамп ја победи противкандидатката на претседателските избори од редот на Демократите, Хилари Клинтон, и беше избран за 45. претседател на САД.