Клинтон: Има веродостојни наводи дека руската влада се меша во изборите

Сподели

hillary-clinton_3

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Хилари Клинтон, изрази загриженост поради, како што вели, веродостојните наводи за мешањето на руската влада во изборите.
Освен тоа, поранешната државна секретарка и прва дама на САД, додаде дека нејзиниот ривал, Доналд Трамп, е опседнат со диктатори.

Клинтон на новинарите во Илиноис им рекла дека во САД никогаш не е забележано дека некоја странска сила се меша во изборниот систем, како што е случај со неодамнешното хакирање на мејловите на Демократскиот национален комитет.

Таа, исто така, додаде дека никогаш немало кандидат кој бара земјата уште повеќе да се хакира, алудирајќи на нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп.

– Русија, ако слушаш, се надевам дека ќе можеш да ги пронајдеш 30.000 мејлови кои недостигаат – рече Трамп на конференцијата во јули.

Подоцна тој изјави дека тоа било сарказам.

meta.mk