Хилари Клинтон ја прифати номинацијата на демократите за претседател на САД и во завршниот говор на партиската конвенција повика на единство и на слога.
– Светот набљудува што правиме. Да, судбина на Америка е да избираме. Значи, да бидеме посилни заедно, гледајќи во иднината со храброст и со доверба. Да градиме подобро утре за нашите деца и за саканата земја. Кога тоа ќе го направиме, Америка ќе биде поголема од кога и да е – рече поранешната прва дама и поранешна државна секретарка.
Клинтон влезе во историјата како прва жена кандидат за претседател на САД.
Кандидат на републиканците е милијардерот Доналд Трамп, а изборите се закажани за 8 ноември.