Кандидатката за претседател на Соединетите Американски Држави од Демократската партија, Хилари Клинтон е во предност во однос на ривалот од Републиканската партија, Доналд Трамп со пет процентни поени, покажуваат резултатите од најновата анкета.
Анкетата спроведена од 30 септември до 6 октомври покажува дека 43 проценти од испитаниците ја поддржуваат Клинтон, додека 38 проценти од избирачите го поддржуваат Трамп.
Хилари Клинтон е во предност во однос на Доналд Трамп во секоја анкета која се спроведува од почетокот на септември.