Клучните наоди на ЕК: Кризата продолжува, земјата страда од политиката на поделба

Сподели

 

The inauguration of the Berlaymont Building, headquarters of the European Commission .

Во клучните наоди од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија се нотира дека во земјата продолжува најголемата политичка криза од 2001 година и дека земјата страда од култура на политичка поделба и од недостиг од капацитет за компромиси.

Еве ги накусо забелешките:

  • Меѓуетничка состојба: Сè уште е кршлива;
  • Цивилно општество:  Игра важна улога во поддршка на важните демократски процеси и осигурување контрола;
  • Јавна администрација: Се забележува напредок, иако ограничен. Има недоволен напредок во имплементацијата на претходните препораки на Комисијата;
  • Судски систем: Се забележува назадување од 2014 година и реформите имплементирани од претходната декада се поткопани од политичкото влијание. Опструкциите со кои се соочи новоформираното Специјално јавно обвинителство го покажуваат недостигот од независност на судството и недостигот од спречување на селективна правда;
  • Борбата против корупцијата: Има некое ниво на подготвеност, но корупцијата е застапена во многу области и тоа е сериозен проблем;
  • Заштита на човековите права: Треба да се вложи повеќе напор за да се осигури почит на човековите права на ранливите категории, вклучувајќи ги мигрантите и бегалците;
  • Слобода на изразување: Ситуацијата со медиумите останува сериозен предизвик во сегашната политичка клима;
  • Мигрантска криза: Земјата сè уште е погодена кризата, но земјата продолжува да соработува со соседните земји, како и со земјите членки на ЕУ;
  • Економија: Висока невработеност на младите и ниска конкурентност на домашниот приватен сектор, каде што има слаба примена на договорите и отежнат пристап до финансиите. Јавниот долг и понатаму се зголемува. Потребни се инвестиции во јавната инфраструктура за зголемување на конкурентноста.

meta.mk