Книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф

Сподели

Францускиот институт во Скопје и Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ утревечер (17 септември) во 17 часот организираат книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент. Тема на средбата е издаваштвото во Франција, а средбата ќе се одржи во Францускиот институт во Скопје.

Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје и, исто така, се дел од програмата на 12. издание на Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“.

Во рамките на книжевната средба, Катарина Лоа ван Хоф и Лали Бернар ќе проговорат за нивните професионални ангажмани, за издаваштвото во Франција, како и за предизвиците на младиот автор во процесот на издавање литературно дело.