Коaлиција за Промени и Правда: На 11 декември носите клучна одлука, тоа е одлука “да се биде или не!”

Сподели

Соопштение на Коaлицијата за Промени и Правда:

На 11 декември носите клучна одлука, тоа е одлука “да се биде или не!”

 

Загрозена е иднината на Македонија. Соочени сме со сериозни предизвици. Oд сите нас се очекува да преземеме дел од одговорноста.

Јас и Коалицијата за Промени и Правда, предводена од Демократскиот Сојуз, сме цврсто определени за промени, како битен предуслов за стабилност, владеење на правото и одговорна власт.

Никола Груевски, мора да одговара за кршење на основните човечки права, за нарушување на приватноста, за фалсификување на волјата на гласачите, за огромниот грабеж на народот и иселувањето на над 600 илјади млади и најспособни кадри.
Криминално стекнатиот капитал ќе го конфискуваме и ќе го вратиме на граѓаните.
55- те аболицирани мора да положат сметка пред граѓаните.
Почитувани граѓани,
Стабилноста и опстанокот на Македонија не се можни без длабоки реформи и промени.
Во овие клучни моменти за државата, Ве повикувам да покажеме демократска зрелост и да дадеме личен печат и влог во промените.
Излезете и масовно гласајте за Коалицијата за Промени и Правда, која гарантира стабилност, единство и сплотеност.
Гласајте за промени и правда.

Коалицијата за Промени и Правда има пет врвни приоритети:

Прво, системски промени, со цел одговорноста на функционерите да биде првостепена и демонтажа на овој еднопартиски систем, олигархиски и криминален систем.
Второ, робусни мерки против криминалот, конфискација на нелегално стекнатиот имот и враќање на граѓаните, забрана на вршење на функција од најмалку 10 години и лична одговорност низ законита судска постапка.

Трето, економски развој, со поддршка на домашните компании, 800 милиони евра за развој и 2% за проекти за вработување на младите, отворање на над 30.000 мали фирми и вработување во нив на над 100.000 млади луѓе, минимална плата од 300 евра, најниска пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра.
Парламентарна контрола над задолжувањето на државата, ниски даноци и фискална политика која ќе обезбеди економски развој.

 Четврто, полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ, без да го менуваме уставното име, важење на законите подеднакво за сите и одговорно владеење.

Петто, реформи во судскиот систем, преку реизбор на сите судии и обвинители, реформи во безбедносните служби, здравството и образованието, укинување на екстерното тестирање, намалување на паричните казни за две третини и друго.

Не се плашете, режимот ќе падне! – изјави Павле Трајанов

На прес конференцијата свое обраќање имаше и Јове Кекеновски, носител на втората изборна единица:

Ги повикувам сите наши членови, симпатизери, поддржувачи како и оние кои не се определени и не се задоволни од тоа како се води Македонија од независноста наваму, да гласаат за Коалицијата за Промени и Правда.
Идниот состав на Собранието на Република Македонија треба целосно да ја отслика политичката определеност на Македонија, во нејзината целосна различност.
Тие што ја создадоа кризата не можат сами да ја разрешат, Затоа дадениот глас за нашата Коалиција е клучен глас за надминување на кривата. Тоа е клучен глас за промени и излегување од пат позицијата на државата.
Илјадници набљудувачи има, а меѓународната заедница активно и непосредно ќе го следи секој чекор на неисправност. Лесно ќе се утврди секој изборен криминал.
Сė ќе се види, сė ќе се дознае, сė ќе се казни!

Слободан Богоески, носител на четвртата изборна единица рече:

Почитувани граѓани на Република Македонија
Изборите на 11.12.2016 година се судбоносни за спасот и иднината на Македонија. Тие се еднакво важни како и Референдумот за самостојна Македонија од 8 септември 1991 година.
Од едната страна ќе биде народот, предводен од Коалицијата за Промени и Правда, симболот на народната борба против тиранијата на власта, од друга страна криминалците од Злосторничкото здружение на Никола Груевски.
Ве повикуваме сите масовно да излезете на гласање за да ја осигураме победата на народот.
Ако сакате стабилна Македонија, економски просперитет, социјална правда и слобода з сите, Македонија како држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина, сласајте за Коалицијата за Промени и Правда, гласајте за бројот “5”.