Коалицијата на власт заеднички во трката за претседател

Сподели

По вчерашната средба, СДСМ и ДУИ одлучија на претседателските избори во април да излезат со заеднички кандидат.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера по средбата со Заев рече дека ваквиот договор во иднина треба да биде стандард во нашата земја кој ќе биде корисен за граѓаните и за државата.

Ахмети рече дека се разговара за имињата кои се спомнуваат во медиумите и дека наредните денови ќе има средби и со другите политички партии за да се одлучи за кандидатот.

СДСМ за во недела најави Конгрес на кој ќе биде соопштено името на кандидатот за претседател на државата.

-Ќе имаме и доста телефонски контакти и други видови на разговори со нашите секретари кои се во комуникaција со органите на политички партии со кои разговараме за да видиме дали има евентуално исчекор или можност да се дојде до заеднички кандидат. Информациите ми се позитивни, не сме многу далеку. Верувам дека имињата ќе бидат конечната причина за изнаоѓање на заеднички кандидат, рече Заев.