Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со претседателите на коалициските партнери на СДСМ.
Сите партнери од коалицијата ја дадоа својата поддршка на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да биде мандатарот за состав на новата Влада на Р.Македонија, известуваат од партијата.
„Заедничка е оценката дека претседателот на СДСМ води совесни, мудри и одговорни политики согласно Уставот, во разговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство и за состав на новата Влада.
Со тоа, како што е оценето, ќе се овозможи натамошен развој на демократските процеси во Македонија што носат перспективи за сите граѓани и за Република Македонија.
-На Македонија и е неопходна нова реформска Влада, која што ќе води реални политики во интерес на реалните потреби на сите граѓани- констатираное на средбата на претседателот Заев со коалициските партнери“, стои во соопштението на СДСМ.