Колку ќе заработи Џордан од продажбата на Шарлот Хорнетс? – Од сумата боли глава!

Сподели

Loading

Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан постигна договор за продажба на својот мнозински удел во Шарлот Хорнетс, соопшти денеска НБА клубот.

Џордан ќе продаде мнозински удел на групата предводена од Гејб Плоткин и Рик Шнел, а според ESPN, продажбата се проценува на приближно 3 милијарди долари.

Поранешниот кошаркар на Чикаго Булс, кој беше сопственик на Хорнетс во последните 13 години, ќе го задржи малцинскиот сопственички удел во клубот кој го купи во 2010 година за 275 милиони долари.

Плоткин е малцински акционер во Хорнетс од 2019 година, додека Шнел има малцински удел во Атланта што се согласил да го продаде бидејќи лигата не дозволува исто лице да има интереси во повеќе клубови.

фото: JEFF SINER – jsiner@charlotteobs

Во претходните 13 сезони со Џордан на чело, Шарлот имаше слаби резултати – 423 победи и 600 порази.

За тоа време не освоија ниту една плеј-оф серија, а не се пласираа во плејофот последните седум сезони.

The post Колку ќе заработи Џордан од продажбата на Шарлот Хорнетс? – Од сумата боли глава! first appeared on .

Powered by WPeMatico