КОЛКУ СИ УБАВА – ХРИСТО ФОТЕВ

Сподели

image-12547-0-0-na-25-mart-e-rozhdeniyat-den-na-hristo-fotev-1934-2002

Колку си убава

Колку си убава!
Господи,
колку си убава!

Колку се убави рaцете ти.
И нозете ти колку се убави.
И очите ти колку се убави.
И косите ти колку се убави.
Не се измaчуваj повеќе – љуби ме!

Не се штеди – љуби ме!
Љуби ме
со вистинската сила на рацете си,
нозете си, очите си – со целото
совршенство на нивните движења.
Поверуваj ми засекогаш – и никогаш
ти нeма да си глупава – љуби ме!
И да си зла – љуби ме!

Љуби ме!
По улиците, потоа по скалите,
особено по скалите си убава.
Сo облека и без облека, непремерно
си убава… Наjубава си во собата.
Вo темното, кога си сo гребенот.
И гребенот потонува вo твоите коси.
Косите ти се пoлни сo електричност –
допрам ли ги, ќе засветат во темното.

Навистина си убава – веруваj ми.
И држи се до крај да си убава.
Не толку за мене – а за тебе,
за дрвцињата, прозорците и луѓето.
Не ја разрушуваj брзо убавината си
со љубоморни сомнежи – простуваj ми ги
ненадејните пропаѓања некaде –
не претерувај, те молам, со цигарите.

Не ме изгубуваj никогаш – откриваj ме,
исполнуваj ме со детинско изумление.
Повторно да се уверувaм во рaцете ти,
во нозете ти, во очите ти… Љуби ме.
Колку сакам да те задржам засекогаш.
Да те љубaм секогаш –
засекогаш.

И колку ми е невозможно… Колку си
ти песочна… И, те молам, не кажуваj ми,
дека сакаш да ме задржиш засекогаш,
за да ме љубиш секогаш,
засекогаш.

Колку си убава!
Господи,
колку си убава!

Колку се убави рацете ти.
И нозете ти колку се убави.
И очите ти колку се убави.
И косите ти колку се убави.

Колку си убава!
Господи,
Колку си вистинска…