Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос изјави дека во поплавите и лизгањето на земјиштето во југозападниот дел на земјата загинаа 254 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Сантос преку социјалните мрежи соопшти дека поради лизгањето на земјиштето предизвикано од обилните дождови, исчезнаа многу населени места во Moкoa, во граничната област Путумајо, и дека од под урнатините досега се извлечени 254 тела.
Меѓу настраданите има 44 деца, а повеќе од илјада војници и полициски службеници се вклучени во акциите за спасување.
Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос најави дака ќе продолжи акцијата за спасување додека последниот човек не биде повлечен од под урнатините.
Колумбискиот Црвен крст на различни начини им помага на семејствата зафатени од последиците од овие природни катастрофи.
Обилните врнежи од дожд и лизгањето на земјиштето го попречуваат движењето на спасувачките тимови, а во таа област нема ниту електрична енергија.
Врнежите предизвикаа излевање на реките Мулато и Санкојако во Moкoa, поради што во саботата се појави лизгање на земјиштето.
Во Мокоа, кој е центар на областа Путумајо, на границата со Еквадор и Перу, живеат 45.000 луѓе.