Комична вечер со кумановскиот актер Жарко Јовановиќ во Скопје

Сподели

 

Скопската публика оваа среда на 12-ти април со почеток во 21 ч. во Јавна Соба (Public Room), ќе има можност да се смее цел час заедно со Жарко и неговите имитации на барем 20-на познати личности од јавниот живот во Македонија и светот.
 
Тој сам, против сите нив: Стојанче Ангелов, Стево Пендаровски, Ѓорѓи Иванов, Никола Груевски, Зоран Заев, Зоран Дамјановски-Циц, Максим Димитриевски,  Васко Ефтов,  Кирил Поп Христов, Мето Јовановски, Владимир Милчин, Сашко Коцев, Горан Пандев, Марија Пијаманова-Плевнеш, Раде Шербеџија, Александар Вучиќ, Тито и Мистер Бин.
Инспирациите ги наоѓа од настаните во нашата земја која постојано нуди нов материјал за комедија.
 
 
Поразлично од класичен стенд ап, актерот Јовановиќ не во класичен стил, туку малку театарски имитирајќи ги овие ликови, ги става во ситуации и преку нив укажува што мисли тој за нашето секојдневие. 
 
 
 
 
Публиката ќе може во живо да  види колку е тешко да ги менува ликовите од лик во лик, како водат дијалог и притоа  да препознае за кој лик станува збор во секој момент,  следејќи приказна како да е на театарска претстава.
 
Од Продукција Златен Заб не известија дека има огромна заинтересираност за овој настан и дека се останати уште многу малку билети кои можат да се купат онлај на нивната платформа www.zlatenzab.mk