Комисијата за мандатно имунитетни прашања му препорача на Собранието да му го одземе мандатот на Груевски

Сподели

Комисијата за мандатно имунитетни прашања со мнозинство гласови му препорача на Собранието да му го одземе мандатот на пратеникот Никола Груевски, врз основа на добиено известување од судот дека пратеникот е осуден на две годни затвор и дека е недостоен да ја врши функцијата.

„За“ гласаа пет члена на Комисијата од парламентарното мнозинство.

Сега на ред е да се изјасни Собранието. Препораката за одземање на мандатот треба да ја поддржи мнозинство од две-третини од пратениците. Такво мнозинство, според изјаснувањето на пратениците од опозицијата, нема. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција ја напуштија денешната комисиска седница пред гласањето, а претходно се изјаснија дека обвинението и пресудата за нивниот поранешен партиски претседател се политички мотивирани.