Комунална хигиена ќе го чисти срамот и шутот во дворот на студентскиот дом „Пелагонија”

Сподели

Големото количество на насобран отпад во дворот на студентскиот дом „Пелагонија”, во општината Кисела Вода, е голем срам кој осамна денеска на социјалните мрежи. Граѓаните ја сликаа оваа ужасна состојба сѐ со цел да се расчисти шутот што самите жители на овој дом го складираат во својот двор и да се поттикне совеста за чиста средина.

По тој повод, утре од 12.30 часот, ЈП „Комунална хигиена” – Скопје ќе започне акција за чистење на отпадот.

„И покрај фактот дека чистењето на ваквите површини не спаѓа во ингеренциите на ЈП „Комунална хигиена” – Скопје, Претпријатието ќе ги спроведе овие активности, со цел да се спречи ширењето на зарази и да се заштити животната средина“, велат од КХС.