Економски факултет, 13.јуни
Во рамките на регионалниот проект „Економски модел: Кон кохерентна политика за раст во Југоисточна Европа“ Фондацијата Фридрих Еберт организира јавна трибина со водечките економисти од регионот и во Европа.
Целта на овој проект е да се отпочне експертска дебата за пречките за економскиот развој во Југоисточна Европа, имајќи ги во предвид сличностите како и специфичните одлики на земјите од регионот.
Дел од експертите кои ќе присуствуваат се Milica Uvalic, Vladimir Cvijanovic, Franz Lothar Atlmann, Zoltan Pogatsa, Jens Bastijan, Jurij Bajec како и сегашниот Министер за финансии на РМ, Драган Тевдовски.
Трибината ќе се одржи во вторник (13.06) во фоајето на Економскиот факултет – Скопје (УКИМ) од 13:30 до 15:30ч. Работен јазик е англискиот јазик со обезбеден симултан превод за сите учесници/гости.
Пријавете го вашето присуство со електронска порака на milan.zivkovic@fes.org.mk не подоцна од понеделник (12.06).