Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември” 2020

Сподели

 

Министерството за култура го објави конкурсот за доделување на Државната награда „22 Ноември” за 2020 година

Со оваа награда се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Конкурсот трае од  15 мај до 15 јуни 2020 годинa.