Концерт „Моја бесмртна љубов“ со Моника Лесковар и диригентот Лубнан Балбаки 

Сподели

„Моја бесмртна љубов“ e насловот на концертот на оркестарот на Филхармонијата што ќе се одржи вечер (5 декември) во 20:00 часот, а на кој како солистка ќе настапи виолончелистката Моника Лесковар од Хрватска. Диригент е Лубнан Балбаки од Либан.

На програмата се симфониската поема „Апотеоза“ од македонскиот композитор Михајло Николовски, Концерт за виолончело и оркестар во ха-мол од Антонин Дворжак и Симфонијата бр. 3 од Лудвиг ван Бетовен.