Концерт на Филхармонијата со српскиот виолончелист Драган Ѓорѓевиќ

Сподели

 

Оркестарот на Филхармонијата в четврток со почеток во 20:00 часот ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ.

Концертот има наслов „Хармонија“, а диригент е маестро Мануел Хернандез-Силва од Венецуела, Шпанија.

На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци „Приказна од западната страна“ од Леонард Бернштајн и симфониската поема „Американец во Париз“ од Џорџ Гершвин.