Концерт на Мерсиха Шукри во Филхармонија – 20 години творење

Сподели

 

Нашата најпозната харфистка Мерсиха Шукри денеска ќе одбележи 20 години од нејзиното творење со концерт во малата сала на Филхармонија, со почеток во 20 часот.

 

На програмата ќе бидат изведени композиции од Дурант, Дусек, Глинка и Хенсон.

Како гости ќе настапат нејзините драги колеги Елена Талевска на виолина и Паскал Краповски на виолончело.

Ова е прекрасна можност да се ужива во звуците на најомилениот инструмент на боговите, харфата. Влезот е слободен.

***М-р Мерсиха Шукри е родена во Скопје, каде дипломирала на ФМУ во Скопје во класата на проф. Лејла Урманова-Русија како прв дипломиран харфист во нашата земја. Магистерски студии завршува во Белград во класите на проф. Милица Бариќ и проф. Љиљана Несторовска како прв магистер во земјава. Добитник е на повеќе републички и меѓународни награди како солист и како камерен музичар.