Концерт на Павле Камилоски во МОБ – „Мала Италија патува“

Сподели

Во Македонска опера и балет на 19-ти овој месец целовечерен концерт ќе одржи Павле Камилоски на кој љубителите на италијанската, француската и шпанската музика ќе можат да уживаат. Концертот е дел од проектот „Мала Италија патува“, а како што посочува Камилоски, претставува еден од начините за да им ја пренесе на публиката убавината на медитеранската песна и остварувањето на сите негови соништа.

– Музиката отсекогаш тлеела во мене, но очигледно не сум бил свесен за својот потенцијал. По се изгледа во тинејџерските денови сум бил срамежлив да го споделам мојот порој кон неа, но нема никогаш да заборавам како по дома ја пеев „O sole мio“. Животниот пат ме доведе до натпреварот на бродот кај што работев, „crew talent show“ и победата ме охрабри да се посветам на оваа страст, објаснува Камилоски.

Неговото прво појавување беше во 2015 година во Музејот на град Скопје во октомври, каде што тој успеа да ја освои публиката со својата соло изведба. Во 2016 година, Павле го одржа неговиот прв соло концерт со пијано придружба. Во 2017 година, замина за Париз на доусовршување и се уште континуирано вложува во себе и во надградбата на неговите вокални способности кај еминентни професори.

Концертот ќе се одржи во големата сала на МОБ, со почеток од 20:00 часот.