Во Камерната сала на Филхармонијата, пијанистката Дуња Иванова вечер ќе одржи солистички концерт посветен на музиката од современата и прогресивна полска композиторка Ханиа Рани.
Ханиа Рани е пијанистка, композиторка и пејачка родена во Гдањск, Полска. Настапувала на сцените во: Европа, Северна Америка, Австралија и Јапонија.
Дуња Иванова со солистичка и камерна концертна дејност се претставила во САД, Франција, БиХ, Албанија, Италија, Косово итн.
Концертот е дел од Годишната програма на Министерството за култура.