Концерт „Заедно“ со оркестарот на Филхармонија

Сподели

 

Oркестарот на Филхармонија овој четврток со почеток во 20:00 часот, ќе го одржи концертот насловен „Заедно“  на кој како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих од Австрија, македонската пијанистка Марија Вршкова и виолончелистката Михе Рио од Кореа.

На концертот ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп.56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.