Театарската претстава „Лекција“, во копродукција на „Moушн нетворк“ и НУ ЦК „Ацо Шопов“ од Штип, е селектирана за 20. издание на фестивалот „Performing Tangier“ во Танжер, Мароко. Изведбата е закажана за утре, 6 декември, во Палатата на уметностите и културата во Танжер, Кралство Мароко.
Драмскиот текст „Лекција“ е на Ежен Јонеско, со превод на Калиопа Петрушевска, а во режија на Ѓорѓи Ризески и кореографија на Бојан Мицев. Композитор е Антонио Ристески.
Во претставата играат: Ефтим Трајчов Ѓаурски, Димитрина Мицкоска Трајкоска и Милорад Ангелов. Сценографијата е на Ефтим Трајчов Ѓаурски и Ѓорги Ризески.
Претставата е премиерно изведена во септември 2023 година, со поддршка од Министерството за култура и туризам и спонзорство од „Лонгуров принт“ и НУ УБ „Гоце Делчев“ – Штип.