Косово одлучи да формира сопствени вооружени сили

Сподели

 

Косово ќе формира свои вооружени сили. Парламентот вчера ја одобрил иницијативата за претворање на полициските сили за безбедност во вооружени сили, соопштуваат локални медиуми.

„Владата на Косово е овластена во најскоро време да започне да координира и да му претстави на парламентот за одобрување стратегија за трансформација на Силите за безбедност на Косово во Вооружени сили“, информира телевизијата РКТ.

На 8 февруари претседателот, премиерот и претседателот на парламентот на Косово усвоија одлука за трансформација на силите за безбедност во комплетна армија, потсетуваат агенциите.

Следниот ден српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека Косово нема право да создава своја армија, бидејќи тоа е спротивно на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

„Таквата одлука ќе биде нелегално. Единствените вооружени сили, кои можат да постојат во Косово, се силите на ОН КФОР”“, рече Дачиќ за националната телевизија РТС, додавајќи дека создавањето на армија во Косово ќе биде дополнителен фактор за нестабилност во регионот.