Парламентот во Приштина прогласи вонредна состојба поради енергетската криза и на тој начин парламентот ја поддржа одлуката на владата за вонредните мерки за рестрикција во снабдувањето на струја.
Вонредните мерки ќе важат најмногу 60 дена, но Собранието може да ги продолжи за уште 30. Тие вклучуваат наметнување ограничувања за снабдување со енергија на потрошувачите и наметнување посебни обврски за енергетските компании, пренесува КоССЕв.
Одлуката предвидува формирање на Итна техничка комисија за утврдување и поднесување препораки до министерот за економија. Оваа Комисија има задача да препорача спроведување на мерки за справување со негативните ефекти врз економијата. По препораките, Министерството треба да објави задолжителни рестриктивни мерки.
Ваквата одлука власта ја оправда со кризата што ја зафати државата, а опозицијата ја обвини власта дека доцни и ги изневерува очекувањата за справување со енергетската криза.