Косово со најмногу изречени казни за учество во војната во Сирија и Ирак

Сподели

Косово е прво на Балканот, во однос на изречените казни на лицата кои учествувале во странски војни, поточно во Сирија и Ирак.

Вкупно изречените затворски казни за Косовците кои учествувале во овие војни е 187 години, потоа доаѓа Албанија со 126 години затвор, Босна и Херцеговина 40 и Македонија 33 години затвор. Овие казни вклучуваат периодот 2015-2017.

Податоците ги објави Советот за регионална соработка кој се занимава со соработката на земјите од Источна Европа, кои се стремат кон членството во ЕУ.