Постигнат е договор со кирилото на БЕСА на Биљал Касами, изјави денеска портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Тој не прeцизираше што е договoрено, но истакна оти тоа ќе биде објаснето преку партиски соопштенија.
Костадинов не објасни дали е обезбедено двотретинско мнозинство за уставните измени, наведувајќи дека тоа ќе се види на самиот чин на гласање.
Костадинов рече дека најостро ги демантираат, како што ги нарече, изнесените лаги на претседатеот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на раководтсвото на партијата дека се вршел притисок врз пратениците да гласаат за уставните измени.
„Во назначајните моменти за иднината на Македонија, Мицкоски шири измислени невистини, опструкции и лажни вести. Најостро ги демантираме изнесените лаги на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Не е точно дека се врши притосок врз пратниците, ниту дека се вршат некакви уцени. Мицкоски и Бачев се толку нервцозни затоа што се без поддршка од граѓаните па немаат идеја какви лаги да пласираат. Граѓаните знаат дека целиот процес за имплементација на договорот се води транспарентно и во демократска атмосфра, како што личи во слободна и напредна Македонија“, рече Костадинов.
Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ се во партиското седиште, бидејќи одбиваат да дадат поддршка за уставните измени.