Костадиновски: После 33 години Уставен почнува реформа во работењето

Сподели

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски во интервју за МИА посочува дека Судот во јуни направи голема реформа кога го донесе новиот Акт, со којшто практично е унапредено работењето кое претходно цели 30-тина години беше предмет на критики за манипулативност на судии, на претседател на Судот, за компромиси со политиката за сензитивни предмети, за бавноста во постапувањето и одлучувањето.

Една од најважните новини, како што вели, е ограничувања и временски рокови за судиите и претседателот на Судот во постапката по предмети.

-Се предвидува рок за судија известител за поднесување на реферат за седница од 6 месеци, во спротивно да ги образложи причините за пречекорување на рокот. Исто се предвидува рок за претседателот на Судот за доставените реферати да ги изнесе на седница во рок од 30 дена од доставувањето, во спротивно да го извести Судот за пречекорување на рокот. Со оваа битна измена моќта на судијата известител и на претседател на Судот се ограничува, и моќта преминува во Судот, во одлучување на образложенијата од страна на 9 судии. Постапките добиваат цврста временска рамка. И претходно оваа интервенција во Актот ја нареков „антиманипулативна мерка”. Јавно истакнувам дека доследно ќе ги почитувам одредбите од Акот кој стапува на сила од денес (1 септември), истакнува Костадиновски.